fbpx

Македонска премиера за новиот Škoda Kodiaq

Škoda го лансираше целосно новиот Kodiaq на македонскиот пазар и сега е достапен за нашите купувачи. Новиот Kodiaq поставува нов репер во SUV сегментот, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителна удобност и простор.

Надворешноста на Kodiaq е целосно редизајнирана во согласност со новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda. Елегантните, аеродинамични подобрувања го подобруваат целосниот изглед на возилото, а воедно придонесуваат и за подобрени перформанси.

Новиот Kodiaq е за 6 сантиметри подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.

Особено внимание привлекуваат LED matrix светлата од втората генерација и предната решетка со хоризонтална светлосна лента. Внатрешноста е збогатена со текстил и кожа кои потекнуваат од еколошки процес на обработка и го нагласуваат фокусот на одржливоста на чешката марка.

Kodiaq во својата втора генерација нуди свеж концепт на ентериерот со четири специфични дизајнерски селекции – Loft (текстил), Lounge (текстил-волна), Suite Black и Suite Cognac (кожа) кои во комбинација со опционални пакети креираат различно доживување. Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со пневмо-масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со димензии до 13 инчи и е опционално е достапен со head-up дисплеј.

Рачката на менувачот сега е поставена на управувачкиот столб, што и дава на централната конзола почист и поуреден изглед и додава дополнителен простор. Škoda Smart Dials се уште една сосема нова карактеристика на целосно новиот Kodiaq. Станува збор за три ротациони контроли позиционирани под инфозабавниот екран. Комбинирајќи ги хаптичките контроли со екранот во боја од 32 милиметри, тие обезбедуваат интуитивен, лесен и приспособлив пристап до различни функции на возилото и инфозабавниот систем.

Со постојаната интернет конекција кај Kodiaq овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Škoda Connect. Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ChatGPT во неговиот гласовен асистент Laura, Škoda го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот. Новата предна конзола овозможува индуктивно полнење на два смартфони истовремено, обезбедувајќи вентилација и моќност од 15W на безжично полнење и 45W преку USB-C портата за брзо полнење.

Опсегот на погонски единици на Kodiaq го сочинуваат добро познатите бензински 1,5-литарски TSI Mild-hybrid со 150 КС и дизелските 2.0 TDI EVO DSG со 150 КС и 193 КС во комбинација со погон на сите тркала.

Исто така, за првпат досега, Škoda Kodiaq ќе биде достапна со plug-in хибриден погон од 204 КС кој нуди повеќе од 100 километри чисто електричен опсег благодарение на батеријата од 25,7 kWh. Оваа верзија комбинира 1,5-литарски TSI мотор со 150 КС и електромотор. Моќноста се испраќа на предните тркала преку шестстепен DSG менувач. Ова обезбедува динамично возачко искуство прилагодено на секоја потреба. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски DSG менувач.

На располагање кај новиот Kodiaq се девет различни бои, меѓу кои и новата Bronx Gold металик. Изборот на алуминиумски тркала почнува од 17-инчни тркала како стандардна опрема, па се до 20-инчните тркала “RILA Aero anthracite” кои се прикажани кај изложените возила во салонот на Škoda.

Цените на Kodiaq на македонскиот пазар започнуваат од 41.200 евра за моделот со 1,5-литарскиот TSI и автоматски менувач, а на самиот врв на понудата се наоѓа plug-in хибридниот Kodiaq со цена од 52.310.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Škoda во Скопје или посетете ја официјалната веб-страница www.skoda.com.mk

Поврзани вести

Back to top button