GM „украде“ име на модел на Mazda
Станува збор за името на моделот Tribute
Од барањето до патентен завод на САД се гледа дека General Motors е подговен за регистрација на ова име, а целта е да го користи за различни лесни и спортски автомобили.
Уште не е јасно на која марка ќе биде додадено името, кон Chevrolet, Buick или GMC, но тоа е добро познато на автомобилските фанови од моделите со зголемена проодност на Mazda од блиското минато. Ќе потсетиме дека Tribute се користеше како ознака за SUV изведбите на Mazda во периодот 2000 – 2011.
Но факт е дека во 2012 година истекуваат правата за користење на името Tribute и Јапонците не го обновија патентот. Ова му овозможува на GM да го регистрира без никакви проблеми.