fbpx

Женева 2018: Hyundai со нов концептен модел

Заедно со светските премиери на електрична верзија на KONA и новата генерација на Santa Fe, како и европск деби на водородното NEXO и специјалната тематска фудбалска серија GO!, Hyundai објави дека ќе има уште едно изненадување на штандот на Женевското шоу

Од Hyundai најавуваат дека за време на салонот во Женева, кој почнува идната недела, ќе видиме за прв пат целосно нов концептен модел на брендот, со кој од компанијата ќе го покажат идниот развој на дизајнот и технологии за мобилност. Во моментов од Hyundai не нудат никакви детали за премиерната концептна разработка, туку коментираат само тоа дека дизајнот на сите идни модели на марката ќе биде развиени токму на оваа тема, комбинирајки и хармозирани клучни стајлинг елементи, како пропорции, архитектура, пристап….

Hyundai

Крајната цел поставена од страна на компанијата е создавање на автомобили со прогресивен изглед кои ги дефинираат границите на дизајнот помеѓу формата и функцијата.

Hyundai

Поврзани вести

Back to top button