И Pagani ќе прави електрични возила
Pagani, производителот на супер модели, со седиште во Италија, ќе биде дел од компаниите кои ќе нудат електромобили
Тоа ќе се случи во 2025 година. Веста ја соопшти лично шефот на компанијата, Хорацио Пагани, кој потврди дека електромобилот ќе биде четвртиот модел на брендот.
Мотивацијата за ваков модел е од практична гледна точка – со затегнување на еколошките норми, производство и промоција на V12 мотори, специјалноста на Pagani станува сè потешка.
Значи, овие мотори ќе можат да бидат на пазарот до 2025 година, а потоа ќе се бараат нивни многу поеколошки алтернативи.
Од Pagani истакнаа дека компанијата веќе формираше тим од над 20 инженери кои работат на идниот електричен супер автомобил. Сепак, шефот на Pagani додаде и нешто друго, што не е во склад со најновиот тренд во автомобилската индустрија – новините нема да бидат достапни со автономна технологија за мобилност.
– Ние создаваме автомобили што возат, затоа нашите купувачи ги купуваат, рече Пагани. – Автомобилот што е дизајниран да обезбеди задоволство при возењето не може да се движи автономно.
Пред електричниот модел, Пагани најави уште еден автомобил со многу поконвенционален погон. Тоа е идниот наследник на Huayra, кој ќе биде достапен со V12 битурбо мотор од Mercedes-AMG и механички менувач.