Планираните 140 „олимписки“ BMW награди станаа 46?!
Хаос и скандал го одбележаа веќе традиционалното доделување на екстра признанијата– BMW возила, на руските медалисти од последната зимска Олимпијада
Ветените за златните освојувачи X6 станаа дизелски X5, а најавената флотила од 140 автомобили се намали на 46 на денот на церемонијата.
За време на Игрите, руските медиуми објавија дека владата купила 140 автомобили за најдобрите на неодамна завршените Олимписки зимски игри во Кореја. За Пјонгчанг заминаа 163 спортисти, па Владата одлучи на сите освојувачи на медали, кои дале свој максимум на олимписките терени, за своите залагања да им подари автомобил.
Во Кореја руските спортисти освоија 2 златни, 6 сребрени и 9 бронзени медали- доста помалку од паркираните на Црвениот плоштад баварски претсттавници, кои поради ова во меѓувреме беа редуцирани до 46.
Организаторите на церемонијата ја објаснија неусогласеноста со олимписката титула на хокеарскиот тим. На денот на доделувањето грижливо паркираните BMW возила требаше да бидат преместени од Црвениот плоштад пред Белата куќа (зградата на владата), бидејќи во церемонијата беше најавено учествувото на премиерот Дмитриј Медведев.
Кога се делеа клучевите, настана вистински хаос, некои од медалистите не можеа да влезат во нивните автомобили, бидејќи кутиите за имиња беа погрешни. Освен оваа фарса разочарување предизвика веста дека освојувачите на златен медал нема да ги добијат ветените BMW X6, туку X5 xDrive30d. „Сребрените“ добија X4 xDrive30d и „бронзените“ BMW X4 xDrive20d. Сите автомобили имаат руски VIN код, бидејќи се собрани од готови единици и агрегати, составени во фабриката на BMW во Калининград. Точното ниво на опрема е непознато.
Повеќето наградени олимпијци сè уште не одлучија што ќе прават со автомобилите. Сребрената медалистка во уметничко лизгање, Екатерина Боброва, планира да го продаде подарокот, а освојувачот на злато и сребро, Алина Загитова, која е само 15-годишна, ќе им го даде своето BMW на родителите.