Женева 2018: Три во едно- Škoda VISION X
Светска премиера на штандот на Škoda на салонот во Женева забележува новата концептна верзија VISION X, која ја демонстрира иднината на гамата на брендот за градски кросовери со хибриден систем
Со VISION X од Škoda за прв пат во историјата на брендот комбинира три погонски елемента- гас (CNG), бензин и струја. Во зависност од условите и барањата од страна на возачот, хибридниот систем на концептот е во состојба да понуди погон на предните, задните или на сите четири тркала. Еден од главните елементи на хибридниот погонски систем на Škoda VISION X е 1.5 литарски TSI G-TEC четирицилиндерски турбо агрегат специјално развиен за работа со гас (CNG) и одговорен за погонот на предните тркала.
При неговата употреба, максималната моќност која е во состојба да ја генерира е 130 коњски сили, а вртежниот момент изнесува 250 Nm. Еден од резервоарите за гас е поставен под задните седишта, а другиот зад задната оска. Благодарение на интегрираниот резервен резервоар за бензин, автономијата на VISION X е до 650 километри, забрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде спроведено за 9.3 секунди, а максималната брзина на движење е 200 km/h. За подобрување на горивната економичност и за грижа за околината, Škoda VISION X располага со два електромотори, кои се напојуваат од литиум-јонска батерија која може да се полни и за време на движењето.