fbpx

Женева 2018: Volkswagen го претстави I.D. Vizzion

По хечбекот I.D., потоа I.D. Buzz и I.D. Crozz, на ред е луксузниот седан I.D. Vizzion. Тој е најрадикален од сите бидејќи нема управувач и педали, а човекот во него е само патник

Volkswagen го дефинира I.D. Vizzion како „премиум седан од класата на Phaeton“. Димензиите на прототипот, презентиран во предвечерието на салонот за автомобили во Женева, се должина од 5.163 mm, ширина 1.947 mm и височина од 1.506 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 3.100 mm. Со вакви димензии може да се пофали само најпопуларен модел во оваа класа Mercedes-Benz S-Class.

I.D. Vizzion е опремен со електричен погон со два мотори.

Во предниот дел е оној со 75 kW, а во задниот со150 kW. Нивната вкупна моќност од 225 kW, што е еквивалентно на 306 КС. Напојувањето на моторите доаѓа од блок од литиум-јонски батерии со капацитет од 111 kWh, што е доволно за максимална километража од 665 km. Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај прототипот е 6,3 секунди, а максиалната брзина е 180 km/h, но овие податоци се без особено значење, бидејќи I.D. Vizzion е целосно автономeн. Има максимално 5-то ниво за движење без потреба од лице да го управува. Значи седанот нема ниту управувач ниту педали.

1 | I.D. Vizzion
2 | I.D. Vizzion
3 | I.D. Vizzion
4 | I.D. Vizzion

    Движењето на I.D. Vizzion е со употреба на камери, ултразвучни сензори, радари и ласерски скенери. Седанот исто така може да разменува податоци и со објектите во патната инфраструктура и со другите учесници во сообраќајот. Исто така, добива сообраќајни информации користејќи посебни „облаци” од сервисни станици. Автомобилот добива вештачка интелигенција, која е во интеракција со двата автономни системи за управување и карактеристики на удобноста на патниците.

    На пример, системот може целосно самостојно да ги регулира седиштата, климата и аудиосистемот според желбите на патникот кој се препознава преку цртите на лицето или преку електронскиот клуч.

    Во внатрешноста на I.D. Vizzion има две рачни сопирачки кои можат да се користат кога е потребно. Сите други системи се управуваат со гестови или глас. Покрај тоа, прототипот, исто така, доби дополнителен систем за реалност кој работи со специјалните очила на Мајкрософт, HoloLens. Тоа овозможува дизајн на слики на стакло, како и на самите аналогни уреди за управување. Патници во I.D. Vizzion може да го промена поставувањето на ентериерот со избирање помеѓу неколку различни опции. На пример, промена на светлата и вклучување на специјално избрана музика.

    Постои и посебна програма која ги учи децата. Тие, на пример, ја проектираат локацијата на планетите во сончевиот систем и добиваат информации за истите. Во листата на опрема на прототипот влегуваат уште врати кои се отвораат под 90 степени, целосно индикациска оптика, стакла со варијабилен степен на транспарентност, кожени седишта и декоративни елементи во ентериерот, направени од природно дрво.

    Овој автомобил јасно покажува што треба да очекуваме од Volkswagen за иднината.

    1 | I.D. Vizzion
    2 | I.D. Vizzion
    3 | I.D. Vizzion

      Поврзани вести

      Back to top button