fbpx

Милер: Претстои ренесанса за дизелот!

Ако некој ден се бара главен виновник за залезот на дизел технологијата, тогаш обвинет број еден е Volkswagen Group, со чиј глобален скандал од 2015 година- Дизелгејт, започна „хајката“ по економичните и моќни, но очигледно многу валкани мотори

Но, токму од Концернот најавуваат дека не може ни да стане збор за тоа дека дизелот да е „мртов“ и најавуваат негова ренесанса во иднината.

Германскиот гигант поради скандалот се обиде прв „да му го сврти грбот“ на дизелот и се упати кон брз развој на електрични возила. Но, големиот шеф на Volkswagen, Матијас Милер, ги изненади во целост новинарите на салонот во Женева со смела прогноза за иднината на дизелот.

дизелот-Дизелот ќе доживее ренесанса во не толку далечната иднина”, предвидува Милер. – Луѓето кои управуваат со возила со дизел мотори брзо ќе сфатат дека ова е многу лесен концепт. Потребно е само луѓето да се осигураат дека дизелот е еколошки, што ќе биде докажано, па ништо нема да го спречи повторно да купат дизел автомобил.

Тврдењата на Милер се мошне храбри, ако се земе во предвид дека VW одвои околу 30 милијарди долари, за да ги покрие последиците од Дизелгејт, на име казни, надоместоци, судски трошоци и слично. Да се верува во нешто за кое многумина велат дека нема иднина и тоа од првиот човек на гигантот е апсолутно за дополнителни коментари. Оваа изјава на Милер секако уште долго ќе се анализира?!

Според многу аналитичари, колапсот на дизел не може да се контролира. Во Германија е отворен патот кон забрана на дизелот во над 65 градови, по решение на локалниот Врховен административен суд, а некои земји, меѓу кои Кина, Франција, Холандија, Шведска, Велика Британија најавија автомобилска иднина без мотори со внатрешно согорување. Купувачите, веќе и во Европа, исто така почнаа да се однесуваат кон дизелите, па како последица на ова пазарниот удел меѓу новите автомобили им падна од 50% на само една третина.

За разлика од Volkswagen, на салонот во Женева од Toyota потврдиja дека ја прекинува продажбата на дизел автомобили во Европа до крајот на годината. Во таа насока размислуваат и од Volvo, а од Ford сеуште ќе ја поддржуваaт дизел технологијата, но има брендирани модели во некои сегменти каде веќе нема да се вградуваат мотори на ова гориво.

дизелот„Ние се уште сметаме дека дизелот има иднина, но верувам дека овие мотори мошне брзо ќе исчезнат од палетата на помалите автомобили“, објасни Стивен Армстронг, шефот на европската поделба на американскиот гигант.

Поврзани вести

Back to top button