Женева 2018: Zenvo впрегна 1.193 „коњи” во нов суперавтомобил
Данската компанија Zenvo на својот штанд во Женева го претставува својот нов хиперкар под името TSR-S
Автомобилот претставува патничка верзија на тркачкиот TSR и е опремен со 5.8-литарски бензински мотор со два турбополначи и моќност од 1.193 коњски сили.
Моторот работи заедно во спрега со 7-брзински менувач со двојна спојка. До 100 km / h „ѕверката“ со две врати може да забрза за 2,8 и до 200 km/h за 6,8 секунди. Максималната брзина е 325 km/h. Должината на новиот модел е 4815 mm, а ширината е 2038 mm. Растојанието од земјата е 95 милиметри. Монококот TSR-S е изработен од челик и алуминиум. Во исто време, каросеријата на машината е направена од композитни материјали. па благодарение на ова, масата изнесува 1.495 килограми.
Zenvo TSR-S
Автомобилот доби специјално антикрило Zenvo Centripetal Wing, кое има две оски. Автомобилот нема во стандардната опрема аудио систем, ниту навигација, климатизација, па дури и воздушни перничиња. Сите овие опции може да се добијат за дополнителни трошоци. Во кабината има посебни места за да се постави мало знаме на родната држава на сопственикот.