fbpx

Volvo со континуиран раст во глобалната продажба

По објавувањето за пораст од 22,4 % во глобалната продажба во јануари, Volvo Cars забележа зголемување од 12,1 отсто во пласманот на нови возила во февруари

Продажбата на Volvo Cars во февруари достигна ниво од 40.930 возила, што е навистина резултат за респект, со оглед на тоа што овој месец беше меѓу рекордните во 2017, кога беа пласирани 36.515 единици. Врз основа на силна побарувачката на новото XC60 и Серија 90, брендот оствари раст од 17,2% на крајот на првите два месеци од годинава , со вкупна побарувачка од 84.368 единици.

Volvo

На својот најголем пазар Кина, Volvo забележа раст во продажбата во февруари од 11,1%, односно беа реализирани 6.531 автомобил, а од почетокот на годината вкупното ниво изнесува 18.068 единици (+ 26.9%). Со продажбата на 22.510 единици во февруари, Volvo забележа раст од 8,4% во Европа, а на годишно ниво позитивата е 10%, односно 43.570 единици. Компанијата вели дека подобрувањето е резултат на силната побарувачка за новиот XC60 и лансираниот неодамна нов XC40.

Volvo

Volvo Cars забележа одлични перформанси и на пазарот во САД.

Продажбата во февруари се зголеми за 35,1%, или 6.283 единици и за 45,9%, вкупно 11.850 возила од почетокот на годината. Најдобро продаваниот автомобил на Volvo во февруари е XC60 со 10.309 единици, по што се подредуваат XC90 со 6.607 и V40/V40 Cross Country со 6.109 возила.

Поврзани вести

Back to top button