Opel со најголем обем на продажба во последната декада
Opel демонстрира тренд кон раст, посебно со семејството од X модели, Mokka X, Grandland X и Crossland X
Во јануари и февруари вкупниот обем на продажба на брендот Opel во Германија достигна 36.600 автомобилот и ова најдобар резултат во тој период во последната деценија.
Обемот на продажбата на моделите Opel Mokka X, Opel Grandland X и Opel Crossland X во првите два месеци од годината достигна околу 9.740 примероци и компанијата повторно успеа да го заземе првото место во SUV сегментот на официјалната ранг листа за продажба на Германската федерална служба за автомобилен транспорт KBA (Kraftfahrt-Bundesamt).
-Овој резултат јасно покажува дека нашата моделска офанзива функционира одлично. Ние сме подобро позиционирани, од било кога, во најбрзо растечкиот на пазарот- SUV сегмент, благодарение на нашето семејство од X модели. Се разбира, ние сакаме и ќе продолжиме со ова темпо, за да ја искористиме оваа предност и во останатите месеци од годината. Инаку, 2018 е прва година во која Mokka X, Crossland X и Grandland X се достапни на нашите клиенти полни 12 месеци, истакна со задоволство Јирген Келер, извршен директор за продажба, маркетинг и постпродажни услуги на Opel Germany .
Mokka X е првиот модел на Opel кој го добива X-индексот во своето име и стана вистински бестселер со својот динамичен и малку „набилдан“ дизајн. Crossland X го надополнува опсегот на брендот Opel во малиот SUV сегмент и е одлична комбинација на функционалност, просторност, разновидност и спортска елеганција. Палетата од SUV модели на Opel ја завршува компактниот Opel Grandland X – поголемиот брат на Mokka X и Crossland X.