Новиот Opel Grandland пристигна во Македонија

Новиот Opel Grandland беше промовиран на македонскиот пазар, во просториите на својата матична куќа – продажниот салон на Opel Македонија на 11.2.2025 година

Овој грандиозен модел претставен во својата промотивна Copper боја, ги пречека присутните со сите свои новитети, гордо истакнувајќи ја новата генерација Vizor маска поставена во 3D, со илуминирано лого пресликана од прототипот “Opel Experimental“. Новитет кој за прв пат е претставен кај Opel и воопшто кај некој модел од целата Стелантис групација, како и илуминирано име на брендот од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија.

Пристапувањето кон возилото со Welcome home или оддалечувањето со bye-bye анимација креира wow ефект кој го издвојува од околината.

“Grand” ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуосовинско растојание од предходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор.

Чистиот дизајн пак преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од Cx28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња, со втиснато име на вратата од багажникот.

Присутните одблиску се запознаа со новиот SUV во гамата на опел и воедно ја добија и ексклузивната информација за промотивната цена на Новиот Opel Grandland.

Ние сме навистина горди на овој грандиозен C-SUV модел. Кога велиме грандиозен, не мислиме само на неговите надворешни димензии, грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација, грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Opel Grandland – Изјави Ана Јовановска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

Поврзани вести

Back to top button