fbpx

Дизел моторите убиваат 6.000 луѓе годишно во Германија

Секоја година во Германија, се евидентирани по околу 6.000 смртни случаи, од труење од азотни оксиди (NOx) од дизел моторите на возилата

Ова беше објавено од страна на Федералната агенција за животна средина, која обезбеди повеќе докази за здравствените ризици од емисиите на овој тип на возило.

Според анкетата на агенцијата, околу еден милион луѓе годишно се разболуваат поради токсични честички. Нивните нивоа се повисоки од оние што се поставени како стандарди за воздух во 70 градови во Германија и доведуваат до зголемување на заболеност од дијабетес, хипертензија и астма. Овие бројки најверојатно ќе го зголемат притисокот врз производителите на автомобили и владата, кои се обидуваат да ги „одбранат“ дизел моторите.

Причината е во тоа што милијарди евра се инвестираат во нивниот развој, кои компаниите ќе ги загубат, ако веднаш се донесат построги мерки. Но, онаа од Врховниот суд, за можностите да се воведат одредени санкции веќе во најскоро време, секако ќе има свој ефект во тој притисок.

Овие бројки се пласираат во моментот кога првиот човек на Volkswagen, Матијас Милер, истакна дека за брзо време дизел моторите ќе ја доживеат ренесанса, а потрошувачите повторно ќе се фокусираат на нив. Одредени организации коментираат дека босот на VW Group е доста храбар, со оглед дека Концернот му изгуби околу 30 милијарди долари од скандалот со манипулациите со дизел мотори и фактот што побарувачката за истите во моментов на пазарот драстично опаѓа.

Поврзани вести

Back to top button