fbpx

Нова батерија која се полни за 20 секунди

Научниците од Корејскиот институт за наука и технологија KAIST (Korea Advanced Institute of Science and Technology) развиле батерија која целосно се полни за само 20 секунди

Батеријата не содржи запаливи органски растворувачи, туку течни електролити на база на вода.

батеријаОва ја прави не само за еколошка, туку и го исклучува ризикот од само запалување. Пронајдокот на тимот, предводен од професорот Кан Кју Јон, припаѓа на класата на проточни батерии. Енергијата во овој тип батерија е генерирана од интеракцијата помеѓу две течни компоненти одделени со мембрана. Во една компонента е потопена анодата, а во другата катодата. Во новата корејска батерија недостасува таква мембрана.

Суштината на пронајдокот се состои во избор на електролитни материјали кои обезбедуваат максимална брза размена, различна густина и минимални загуби на енергија. Графит се користи за анодата, а катодата се состои од наночестички од метал оксид. Новата батерија има 100 пати поголема енергетска густина и екстремно високи брзини на полнење.

батерија

Од KAIST вели дека развојот е компатибилен со современите мобилни уреди, а подоцна може да најде соодветна примена и во автомобилската индустрија, а ниските трошоци овозможуваат брзо сериско производство.

Поврзани вести

Back to top button