Шампион со долг опсег – Новиот Grandland Plug-In Hybrid

Новиот Opel Grandland импресионира со својот атрактивен стил, револуционерни технологии, паметни решенија, многу простор и целосно електричната палета. Добитникот на наградата „Златен управувач 2024“е достапен како целосно електричен Grandland Electric, Grandland Hybrid со 48-V технологија и моќeн Grandland Plug-in Hybrid. Тимот на главниот инженер Dirk Kaminski, задолжен за Grandland, сега го стави на тест паметниот концепт на plug-in хибридниот погон. Неверојатните резултати ќе ги импресионираат компаниите и возачите на долги релации.
„Вредностите според WLTP се јасни: според официјалниот тест циклус, новиот Grandland Plug-in Hybrid овозможува опсег (комбинирано) до 897 km, од кои до 87 km на електрична енергија“, изјави Dirk Kaminski. „Но помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 km со полн резервоар за гориво и батерија. Да не заборавиме дека, Grandland е целосно произведен во Германија и излага од производната лента во ултрамодерната фабрика во Eisenach. Го ставивме на тест во услови кои се реално и полоши отколку во официјалниот тест циклус.
Од полн до потполно празен: поминати 1.115 km под неповолни услови
Додека вредностите според WLTP се одредуваат на температури од околу 23оС, новиот Grandland Plug-in Hybrid тргна на ветровито и дождливо јануарско утро на свежи 11оС. Соодветно за сезоната со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пнематици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Единствениот услов беше: „SUV возилото да има полн резервоар за гориво и целосно наполнета 17,9 kWh батерија. Возиме сè додека не се испразнат резервоарот за гориво и батеријата“.
Рlug-in hybrid возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Риселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Реален тест што ги одразува вистинските секојдневни барања на многу возачи на службени автомобили.
Резултатaт или растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максимален вртежен момент, го постигна со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel: со просечна брзина од 80 km/h и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4,6 литри на 100km. Новиот SUV помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото извозе нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 km, на електрична енергија и без емисија на штетни гасови.
„Фактот што Grandland постигнува такви извонредни вредности под овие околности, а на крајот на тестот температурите се спуштија на само 4оС, уште еднаш потврди дека создадовме автомобил кој е револуционерен во секој поглед со погонски концепт кој е целосно погоден за секојдневна употреба. Високо ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот работат во совршена хармонија“, рече Kaminski. „Повеќе од тоа: секој пат кога ќе забавите, погонската единица се префрла на електрична енергија. Ова е можно затоа што регенерираната енергија се користи за електрично напојување на автомобилот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии.
‘Greenovation’ à la Opel: SUV кој овозможува заштеда на ресурси
Затоа, новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, како службено возило за поминување на долги релации и за возачи кои сакаат да бидат особено ефикасни во однос на ресурсите и да не се вознемируваат за опсегот. Не само употребата на рециклирани материјали и отсуството на хром покажуваат што значи пристапот ‘Greenovation’ на Opel и одржливоста кај новиот грандиозен SUV. Тоа импресивно го покажуваат и резултатите од тестот.
Бројните други квалитети кај целосно новиот Grandland ги прават секојдневните службени патувања, како и долгите патувања уште попријатни: ергономските седишта сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) обезбедуваат опуштено задоволство при возење. Патентираната ергономска карактеристика Intelli-Seat е стандардна кај сите предни седишта. Со технологии како што се Intelli-Lux HD светлата без отсјај, предниот екран Intelli-HUD или осветлената, проѕирна Pixel Box, возачите на Grandland се совршено опремени.
На крајот од тестот, останува едно последно прашање: кое растојание би можело да помине новиот Grandland Plug-in Hybrid со полн резервоар и полна батерија под идеални услови за тестирање (на пример, на почетокот на летото)? Увидот што ние како тим го добивме до досега се извозени 1.115 km: под оптимални услови, сигурно би било можно уште повеќе“, рече Kaminski.
За повеќе информации и нарачки на новиот Opel Grandland обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа.