fbpx

Rolls-Royce и Aston Martin се погрижија за нов типичен британски скандал

Премиерата на концептниот Aston Martin Lagonda на салонот во Женева и изјавата на главниот дизајнер на брендот Марек Рајхман дека Rolls-Royca и Bentley се во Античка Грција во однос на развојот на современата автомобилска индустрија, успеа да создаде типичен британски скандал

Реакцијата на Rolls-Royce не задоцни и шефот на компанијата Торстен Милер-Отвос потсети дека луксузната британска компанија покажала уште во 2016 година како ќе изгледа иднината на луксузните електрични возила преку концептот 103EX.

британски скандал
– Со оваа премиера ние ја поставивме агендата на развојот на луксузните автомобили, објасни Милер-Отвос. – Уште тогаш стана јасно дека другите марки ја признаваат нашата визија за иднината, затоа и прифатија некои елементи од нашите идеи, настрана од најрадикалните решенија. Во 2016, Rolls-Royce посочи каква ќе е иднината: целосно електрични автомобили, компетно автономни и во комбинација со high-end луксуз.

Но, што точно Марек Рајхман кажа за ваков остар одговор од Rolls-Royce?

– Rolls-Royce и Bentley се како претставници на Античка Грција во нашето секојдневие, фигуративно објасни Рајхман. – Јас работев на првиот Phantom на ова семејство на модели. Идејата беше да се создаде Бакингемска палата, но на тркала. Моравме да ја исполниме оваа идеја и да ја промовираме. Но, светот се менува, заедно со тоа и кралските манири и вредности. Не можам да замислам дека сопствениците на Apple или Google ќе патуваат во Phantom. Но, сериозно гигледам во Lagonda.

„Погледнете го Rolls-Royce кои смета дека ги прави најлуксузните автомобили во светот. Со оглед на корените на компанијата, можеме да ја разбереме нивната логика. Практично моторот со внатрешно согорување ги замени коњите, кочиите и полиците. Ова не е совршена формула за луксуз“, додаваат од Aston Martin.

британски скандал
– Тие навистина не го разбираат луксузниот сегмент, тие не можат ни да сонуваат да им се приближат на клиентите од овој сегмент. Тие (Aston Martin) се во сосема поинаква лига од нас во однос на цените на автомобилите немаат поим што се случува во повисоките класи. Жал ми е што морам ова да го кажам така директно, потенцира Милер-Отвос, коментирајки дека Rolls-Royce и Aston Martin секогаш одржувале многу добри односи и претпостави дека провокативниот говор на Рајхман има за цел да го „поттикне“ интересот за компанијата пред претстојното нејзиното излегување на берзата.

Сепак, се лутеле или не од Rolls-Royce, Lagonda ќе постави темели на два модели на Aston Martin, додека 103EX засега не доби планови за развој во сериски модел.

– Да го кажеме така, ние се подготвуваме за моментот кога ќе има соодветна инфраструктура и анализираме кога се повеќе и повеќе клиенти ќе бараат такви автомобили, тогаш ќе дејствуваме, сумираше Милер-Отвос.

Поврзани вести

Back to top button