fbpx

Беспилотни автомобили разнесуваат пошта во Јапонија

Јапонската пошта започна да тестира беспилотни возила на улиците за да обезбеди коресподенција меѓу поштенските оддели, објави агенцијата Кјодо

До 2020 година, компанија која има сериозни проблеми со персоналот поради недостаток на возачи, размислува за спроведување на автономен систем за испорака на пошта. Пред неколку дена пред седиштето на поштата во Токио беше напаравена презентација на првиот беспилотен автомобили, обоен во светло-црвена боја, која е заштитна за компанијата и со логото на предниот капак.

пошта

Во првите тестови тој ќе мора да патува околу два километри од седиштето на компанијата до филијала во Гинза – трговска област и културен центар на јапонската престолнина. На патот, автомобилот мора да сопре и да имитира товарење и истоварување на поштата. За време на тестовите вработен во компанијата ќе биде во автомобилот во случај на непредвидени околности.

Според претседателот на Јапонската пошта, Кунио Јокојама, беспилотните автомобили ќе помогнат да се забрза достава на поштата и да се намалат трошоците на компанијата.

Поврзани вести

Back to top button