Aston Martin DBX S е најбрзиот SUV на брендот досега
Првиот SUV модел на Aston Martin со ознаката S, добива 20 КС повеќе во однос на DBX 707 и има 45 килограми помала тежина

Aston Martin го продолжува темпото со нови модели, а најновото засилување во понудата е DBX S – најбрзиот SUV на брендот досега, кој носи технолошки елементи инспирирани од суперавтомобилот Valhalla. Со него, Aston Martin директно одговара на конкурентите како Ferrari Purosangue и Lamborghini Urus SE, нудејќи подобрени перформанси, полесна конструкција и аеродинамични унапредувања.
Повеќе сила без електрификација
За разлика од некои ривали кои користат V12 или хибридни технологии, DBX S се потпира на усовршена верзија на веќе познатиот 4.0-литарски V8 мотор со два турбо полначи, преземени директно од Valhalla. Моќноста е зголемена на 717 коњски сили (727 PS), што е за 20 коњски сили повеќе од DBX 707 и за два повеќе од Ferrari Purosangue. Иако заостанува зад 789-те коњски сили на Lamborghini Urus SE, DBX S и понатаму нуди импресивна динамика.
Убрзувањето од 0 до 100 km/h останува 3,3 секунди, но DBX S е побрз од 707 до 200 km/h, забрзувајќи за 0,3 секунди побрзо. За дополнителна аудио-драматика, тука е нов систем за издувни гасови, со вертикално поставени цевки налик на оние кај идниот DB12 AMR, кои го истакнуваат AMG-потеклото на овој V8 мотор.
Дизајн со визуелен и функционален ефект
DBX S се разликува со нова црна маска на ладилникот, ревидирани браници и проширени странични прагови. Aston Martin тврди дека измените не се само козметички – тие придонесуваат за подобрено воздушно лизгање и стабилност на големи брзини. Агресивниот изглед го засилува и специфичната поставеност на издувните цевки, кои му даваат силен визуелен и аудитивен карактер.
Ентериер инспириран од тркачки автомобили
Внатрешноста е исто така редизајнирана во духот на перформансите, со седишта обложени во материјали со “herringbone” шема, која се повторува и на кровот – доколку се одбере карбонската покривна опција што заштедува 18 килограми. Покрај тоа, достапни се и магнезиски тркала од 23 инчи (заштеда од 19 килограми), карбонски прагови и браници, како и специјална решетка од поликарбонат. Со сите “lightweight” опции избрани, DBX S тежи 47 килограми помалку од DBX 707 и нуди 4% побрз управувачки одзив.