fbpx

Возобновениот Brabham го претставува својот нов модел во мај

Препородениот Brabham Automotive планира да го претстави својот прв нов модел, BT62, во мај

Сè уште нема информации за каков автомобил станува збор, компанијата има објавено само аудио снимка со звук на моторот. Се претпоставува дека се работи за автомобил со V8 мотор, а конструкторите не „вложиле премногу напори“ да ги скротат „разбревтаните коњи“, што пак предизвика гласини дека BT62 може да биде и тркачки автомобил. Brabham е компанија основана од Австралиецот Сер Џек Брабхем кој има три титули во Formula 1 меѓу 1959 и 1966 година.

За време на своето време, компанијата создаде над 700 тркачки автомобили за различни првенства ширум светот, вклучувајќи ја и F1. Brabham Automotive е вратена „од мртвите“, па практично станува збор за нова компанија, од синот на Сер Џек- Дејвид , кој во кариерата има победа на 24 часа Ле Ман.

Компанијата е обновена четири години по смртта на сер Џек Брабхем, а BT62 ќе е првиот автомобил по 26 години, создаден од Brabham Automotive. Премиерата е во мај, а проектот веќе успеа да привлече интерес низ целиот свет.

Brabham

Поврзани вести

Back to top button