fbpx

Новиот VW Touareg ќе патува до својата премиера

Новиот Volkswagen Touareg ќе стигне од Братислава (Словачка), каде што ќе се произведува, до Пекинг (Кина), каде ќе се одржи неговата светска премиера

Настанот е закажан за 23 март оваа година.

Трасата по која ќе пропатува Фолксњагеновиот нов теренец е долга над 16.000 километри, а минува низ териториите на 11 земји. Теренецот веќе тргна, а во моментов се наоѓа на територијата на Русија и се очекува до крајот на неделава да пристигне вo степите на Монголија. Тогаш автомобилот ќе влезе во Кина. Познато е дека новиот VW Touareg е изграден на модуларната платформа MLB Evo, која е во основата на моделите како Audi Q7, Bentey Bentayga, Lamborghini Urus и Porsche Cayenne.

VW Touareg

Палетата мотори ќе се состои од бензински и турбодизелски мотори со зафатнина од 2.0 и 3.0 литри. Исто така, ќе има хибридна модификација. Во листата на опрема на теренецот влегуваат шасија со задни тркала со препусти, воздушно потпирање, информациско-забавен систем со 15-инчен дисплеј, а исто така и прибор панел со 12-инчен екран.

Поврзани вести

Back to top button