fbpx

Ќе има повеќе спортски изведби на Jaguar I-Pace

Во блиска иднина Jaguar може да им понуди на своите клиенти повеќе спортски верзии врз електричниот модел

Засега имаме I-Pace кои ќе бидат доработен од специјалистите од Special Vehicle Operations (SVO). Управниот директор на SVO, Џон Едвардс, објасни дека група инженери работат на развојот на I-Pace. Но, тој мисли дека тоа нема да биде лесна задача.

– Развојот на електрични возила е прилично различен од доработка која правиме на моделите со мотори со внатрешно согорување од Групацијата на Jaguar Land Rover, изјави Едвардс. – Но, нашите инженери сакаат предизвици и тоа ќе биде интересно. Во случај на возила со мотори со внатрешно согорување веќе има востановено одредени правила за развој и нивните промени се повеќе или помалку познати. Но, со електрични возила сè уште нема законитости, што нуди нови и различни можности.

спортски

Другата добра вест е дека треба да има нешто ново на оваа линија, веднаш штом ќе се појави тркачката верзија на I-Pace пред крајот на годината. Плановите се да бидат подготвени 20 автомобили I-Pace eTrophy SV кои ќе се испитуваат на 10 патеки и ќе се дел од програмата за светскиот шампионат за електрични болиди – Formula Е.

спортски

Првиот прототип за пистите е изготвен од SVO и се одликува со сериозни промени на каросеријата. Не станува збор само за додавање на аеродинамични елементи, многу е работено на шасијата и на мерките за безбедност, а има и ролбар во внатрешноста. Од Jaguar Land Rover веќе изјавија дека компанијата ќе лансира по еден нов модел SVR, дело на SVO, односно од одделот на Џон Едвардс допрва ќе доаѓаат интересни вести.

спортски

Поврзани вести

Back to top button