Фановите на Porsche гласаа за електричниот кросовер
Електричниот кросовер Porsche Mission E Cross Turismo, кој дебитира на автосалонот во Женева, ќе се појави во сериско производство
Германската компанија ги објави резултатите од своето истражување меѓу фановите на брендот, кои дефинитивно се „за“, за ваков автомобил.
Производителот на спортски автомобили направи анкета на Twitter, каде го постави прашањето: „Дали треба Mission E да се најде во сериско производство?” Гласаа повеќе од 13.000 луѓе, а 74% од нив категорично ја поддржале идејата. Porsche, ги наведува и мислењата на водечките автомобилски медиуми, кои, исто така, веруваат дека таков електричен автомобил има иднина.
Општо мислење е дека со лансирањето на својот модел X, американскиот производител Tesla создаде нов сегмент на пазарот. Досега Model X нема конкуренција, но со евентуално производство на Porsche Mission E ова ќе се промени, бидејки сличен автомобил, според мислењата на експертите, најверојатно ќе предизвика сериозен интерес на европскиот пазар.
Сепак, проектот за создавање на сериски електричен кросовер сеуште не добил „зелено светло” од Советот на директори во Porsche. Моделот веќе јавно беше поддржан од главниот дизајнер на брендот, Михаел Мајер, кој изјави дека се надева дека ќе го вуди наскоро Cross Turismo во понуда.
Технички, кросоверот е идентичен со седанот Mission E, кој треба да излезе на пазарот во 2019 година. На секоја оска е поставен електромотор, а вкупната моќност на агрегатите надминува 600 КС. Ова овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди. Со специјален полнач, кросоверот може да се наполни за да помине и над 400 километри, за само 15 минути.