Ferrari Amalfi: Ново поглавје за луксузниот GT од Маранело

Ferrari го претстави новиот Amalfi, модел кој официјално го наследува веќе пензионираниот Roma. Иако на прв поглед наликува на својот претходник, Amalfi претставува значителен технолошки и дизајнерски напредок, со подобрени перформанси, нови дигитални решенија и повисоко ниво на комфор и софистицираност.
Под хаубата: 3.9 V8 битурбо со 631 КС
Новиот Amalfi е придвижуван од најновата еволуција на 3.9-литарскиот твин-турбо V8 мотор кој сега испорачува 640 КС и 760 Nm вртежен момент. Тоа е зголемување од 20 КС во споредба со Roma, доволно за 0–100 км/ч за 3.3 секунди, а максималната брзина останува на 320 км/ч.
Моторот добива нови турбополначи, сензори за притисок по банка цилиндри, лесни кам-осовини и редизајниран блок. Сето тоа е поврзано со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка, оптимизиран за побрзо и посоодветно префрлување на степени.
Аеродинамика и звук
Во Amalfi е вградена нова издувна конфигурација со прецизно контролирани вентили и соодветно мапирање на звукот според начинот на возење. Ferrari успеал да ги исполни строгите регулативи за бучава без да ја загрози автентичната звучна нота на својот V8 мотор.
Дизајн: познат, но порафиниран
Amalfi го задржува силуетниот карактер на Roma, но со бројни подобрувања – предниот дел е целосно редизајниран со широк долен отвор за воздух, рестилизирани светла, сплитер и нови сензори. Профилот е речиси непроменет, но се нудат 20-инчни тркала обвиени во Bridgestone Potenza Sport или Pirelli P Zero гуми.
Задниот дел има покривени форми, редизајниран дифузер и преместена регистарска табличка. Новите LED светла и отворите за воздух придонесуваат за посовремен изглед.
Внатрешност: враќање кон физичките копчиња
Кабината на Amalfi е целосно обновена – нова арматурна табла, отстранета средна преграда и традиционален хоризонтален инфозабавен екран од 10.25 инчи со Android Auto и Apple CarPlay. Инструмент панелот сега е 15.6 инчи, а пред совозачот има 8.8-инчен дисплеј.
Новиот волан повторно вклучува физички копчиња, а на централната конзола – обработена од анодизиран алуминиум – има сензор за клуч, селектор за брзини и безжично полнење.
Седиштата се достапни во три големини, со вентилација и масажа, а аудиосистемот од Burmester нуди 14 звучници и 1.200 W моќност.
Подобрено возачко искуство
Amalfi воведува brake-by-wire систем, ABS Evo, ново електрично серво управување со подобрена проценка на тракција и целосен сет на системи за асистенција: адаптивен темпомат, автоматско кочење, следење на слепа точка, одржување во лента, распознавање сообраќајни знаци и панорамска камера.