fbpx

Новиот Mercedes-Maybach GLS одговор на Bentley Bentayga

Во 2019 година, германскиот производител Mercedes-Benz ќе лансира суперлуксузен теренец под брендот Maybach

Тој ќе биде изграден на основа на третата генерација на моделот GLS и ќе му конкурира Bentley Bentayga.

Брендот Maybach станува важен за Mercedes, бидејки сегментот на луксузни SUV-модели се проширува постојано. Секако во преден план се престижните лимузини, но се најавува и проект од SUV сегментот. Така компанијата ќе може да даде соодветен одговор не само на Bentley, туку и на Range Rover, а исто така и на новиот Lamborghini Urus. Во оваа класа, Rolls-Royce се подготвува да „нападне“ со својот новитет – Cullinan.

Maybach
За ова, специјалистите од Maybach, работат со AMG поделбата, која ги подготвува моторите на идните луксузни брендови. Новиот SUV ќе биде претставен на салонот во Лос Анџелес, во ноемви оваа година, а неговата продажба ќе стартува во почетокот на 2019 година. Цените на моделот ќе стартуваат од 120.000 британски фунти, а тој ќе користи голем дел од системите и агрегатите на претставениот од пред две години Mercedes-Maybach S класа.

MaybachЛуксузната изведба ќе ја користи алуминиумската платформа MHA (Modular High Architecture) и системот за погон на четирите тркала од Mercedes-Benz GLS. Промените ќе влијаат и на надворешноста, која ќе биде во согласност со барањата на американскиот пазар. Ентериерот ќе понуди луксуз од висока класа, а опремата ќе содржи супер-модерни системи за помош на возачот.

Според информациите, Maybach GLS ќе добие V8 мотор М177 на Mercedes-AMG, кој беше претставен на моделот S560. Ова е 4.0-литарски V8 twin-turbo со моќност од 462 КС и го заменува сегашниот 4,7-литарски V8 кој се користи за верзијата GLS 500. Предвидено е и хибридна верзија – S560 во која влегуваат 3.0-литарски бензински турбомотор со 6 цилиндри и моќност 362 КС, и електричен мотор со 121 КС. Нејзините батерии се литиум-јонски, а обезбедуваат автономија од 50 километри на електрична енергија.
Maybach

Поврзани вести

Back to top button