Xiaomi започнува европска офанзива, проблеми за Tesla
Xiaomi најави влез во Европа до 2027 со моделите SU7 и YU7. Компанијата отвора центар во Европа и ќе претставува сериозен конкурент на Tesla

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi официјално потврди дека планира да започне со продажба на електрични автомобили во Европа до 2027 година, со цел директно да се натпреварува со Tesla и BYD.
Брз раст и амбициозни планови
Иако пред само две години компанијата воопшто немаше сериско производство на автомобили, денес Xiaomi SU7 седанот и YU7 SUV моделот се едни од најбараните возила на кинескиот пазар, добивајќи позитивни критики и од сопствениците и од автомобилските експерти.
Во вториот квартал од 2025 година, Xiaomi испорача 81.302 возила, со вкупно 157.000 единици во првата половина од годината. Со забрзано производство на YU7, испораките дополнително ќе растат, иако некои клиенти веќе чекаат повеќе од една година за својот автомобил.
Профитабилност на хоризонтот
И покрај силниот раст, автомобилскиот сегмент на Xiaomi во последниот квартал бележи загуба од околу 300 милиони јуани (41 милион долари). Сепак, коосновачот Леи Џун најави дека до втората половина на 2025 година компанијата очекува позитивна добивка од автомобилската дивизија.
Европски истражувачки центар и експертски тим
За да го подготви настапот во Европа, Xiaomi отвора ново истражувачко-развојно (R&D) центар во Европа, каде веќе вработи познати експерти. Меѓу нив се издвојува Рудолф Дитрих, со искуство во BMW и тимовите Williams и Sauber во Формула 1. Дополнително, кон тимот се приклучија и поранешните инженери на BMW – Душан Сарац и Јанис Хелвиг.
Кои модели ќе стигнат први во Европа?
Сè уште не е познато кој модел прв ќе дебитира на европскиот пазар, но најверојатно SU7 и YU7 ќе бидат првите понуди. Xiaomi веќе работи и на трет модел – YU9, голем SUV со 1.5-литарски турбо-бензинец и два електромотора, кој ќе биде во форма на EREV (Extended-Range Electric Vehicle).
Со овие потези, Xiaomi покажува јасна намера да стане сериозен играч на европскиот пазар на електрични автомобили, каде конкуренцијата станува сè пожестока.