Lynk & Co 08 пристигна во Македонија

Lynk & Co 08 пристигна во Македонија – голем плаг-ин хибриден SUV со 345 КС, 200 km електрична автономија и премиум технологија.

На македонскиот пазар пристигна Lynk & Co 08, најновиот и воедно најголемиот SUV на овој млад, но амбициозен бренд. Моделот се издвојува со напреден плаг-ин хибриден погон кој комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец со електромотор, испорачувајќи вкупно 345 коњски сили и речиси 600 Nm вртежен момент.

Lynk & Co 08 е поставен на CMA Evo платформта – темелно ревидирана верзија на CMA архитектурата, за да може идеално да ги задоволи потребите на големиот SUV и неговиот напреден погон.

Со должина од 4.8 метри, овој SUV ветува пространа и модерна кабина, а во внатрешноста, Lynk & Co 08 носи технолошки ориентиран кокпит со 15.4-инчен централен дисплеј и 12.3-инчен дигитален инструмент панел, нудејќи вистинско премиум искуство.

Lynk & Co 08

Благодарение на големата батерија со капацитет од 39.6 kWh, 08 може да помине до 200 километри исклучиво на струја, додека во комбинација со бензинскиот мотор автономијата лесно надминува 1.000 километри. Батеријата поддржува брзо DC полнење (10–80% за околу 30 минути), како и AC полнење со 11 kW.

Поврзани вести

Back to top button