fbpx

Panasonic со нова фабрика за електрични батерии

Јапонскиот производител за електроника -Panasonic објави дека гради нова голема фабрика за производство на рамни батерии за електрични автомобили

Фабриката е во Далиан, во Кина, е со инвестиција од 400 милиони долари. Всушност, ова е стара фабрика на компанијата во која се произведувале телевизори со течни кристали. Денес, нивната побарувачка е драстично намалена, а онаа за електрични батерии континуирано расте. Новата фабрика сега прави литиум-јонски клетки од „призматичен” тип. Овие се рамни алуминиумски батерии, компактни се и лесни во споредба со цилиндрично обликуваните.

Panasonic

Новите батерии се популарни за новите модели на електрични возила. Исклучоци се автомобилите на Tesla, за кои Panasonic прави цилиндрични батерии. Panasonic не е единствениот производител на потрошувачка електроника, кои неодамна го преориентира производството кон призматични акумулаторски елементи. Тоа го стори и Samsung, додека LG во моментов произведува само цилиндрични елементи. Ова се должи на фактот дека автопроизводителите сè уште не одлучиле кој од двата вида е посигурен и поквалитативен.

Засега не е јасно, кој ќе биде најголемиот клиент за новите призматични акумулаторски елементи на Panasonic. Сепак, многу е веројатно дека ова ќе биде Toyota.

Поврзани вести

Back to top button