Две кинески компании влегоа во Топ 20 на најскапите брендови
Два кинески производители влегоа во Топ 20 најскапи автомобилски компании во светот според рангирањето за месец март на Brand Finance
Тоа се Haval и Geely кои ги заземаат 16 и 18 место.
Марката Haval, која е дел од концернот Great Wall, евидентира раст од цели 124% во споредба со март 2017 година, кога беше на 29-та позиција и веќе се проценува на 6,8 милијарди долари. Geely ја зголемила вредноста за 62% и сега чини 6,0 милијарди. За споредба, следниот кинескиот производител BYD, е оценет на 3,4 милијарди, а ја зазема 29-та позиција.
Кинеските брендови покажуваат огромен раст и стигнуваат брзо до водечките светски производители. Ова се должи најмногу на успесите на пазарот во Кина, кој е и најголем во светот. Тие се подготвени да излезат надвор од него и почнуваат да „преземаат“ западни компании, за да се развијат на светско ниво, коментира генералниот директор на Brand Finance, Дејвид Хеј.
Судејќи според Geely, овој кинески гигант посакува што побрзо да се најде на самиот врв. Во февруари сопственикот на оваа компанија – Ли Шуфу, купи 9,7% од Daimler и направи обид да стекне акции од BMW. Благодарение на соработката со Германците, во Geely се надеваат на сериозен пробив кај електричните возила. Во структурите на Geely веќе влегуваат брендови како Volvo, Lotus и Proton.
Во случајот со Haval работите се различни, бидејќи тој е дел од Great Wall. Компанијата сепак е на пат да стане најголем светски производител на кросовери во светот, откако во 2017 година продаде повеќе од 850.000 возила на локалниот и на светските пазари. Овде патот до освојување на светот е поинаков од оној на Geely. На чело на листата за најскапи марки е Mercedes-Benz (43,930 милијарди), пред Toyota (43,701), BMW (41,790), Volkswagen (33,670), Honda (22,132), Nissan (19,376), Porsche (19,055) Ford (17,294), Audi (14,951) и Chevrolet (12,822). Производителот на електрични Tesla е на 19-тото место, а се проценува на 5,9 милијарди долари.