Новиот Mitsubishi Eclipse Cross пристигнува во Европа како ЕВ
Новиот Mitsubishi Eclipse Cross EV доаѓа со моќност од 215 КС, батерија од 87 kWh и автономија на движење до 600 километри

Mitsubishi официјално ја претстави новата генерација на Eclipse Cross, која во Европа ќе се нуди исклучиво како електричен модел. Со ова, брендот прави целосен пресврт од претходната генерација и влегува поагресивно на пазарот на EV, во сегментот на компактни SUV модели.

Европски дизајн и производство
Новиот Eclipse Cross EV ја дели својата технолошка основа со Renault Scenic E-Tech, но добива уникатни Mitsubishi елементи. Напредниот дизајн вклучува поделени LED предни светла, редизајнирана маска со затворен изглед инспирирана од Outlander и нови браници. Профилот е надграден со хромирани детали на D-столбовите и нови 19- или 20-инчни тркала, додека задниот дел има редизајнирани LED светла и повеќе црни гланц детали.

Моделот е долг 4.470 мм и има значително подолга меѓуоска од претходната генерација – 2.785 мм – што значи повеќе простор за патниците.
Внатрешност со дигитален фокус
Кабината е преземена од Scenic, со 12,3-инчен дигитален инструмент панел и 12-инчен вертикален инфозабавен екран со интегрирани Google сервиси. Mitsubishi додава свои материјали и опции за ентериерот, вклучувајќи електрохроматски стаклен покрив, амбиентално LED осветлување и Harman Kardon премиум аудио систем. Багажниот простор нуди меѓу 478 и 1.670 литри во зависност од положбата на задната клупа.

Електрична платформа и перформанси
Eclipse Cross EV е изграден на CMF-EV платформата (Ampr Medium), истата што ја користат Scenic E-Tech и Nissan Ariya. Погон обезбедува преден електромотор со 215 КС (160 kW) и батерија од 87 kWh со систем за водено ладење, што овозможува дomet до 600 км (WLTP). Поддржано е брзо полнење со моќност до 150 kW.
Mitsubishi најавува и поевтина верзија која ќе се појави во 2026 година со 168 КС и 60 kWh батерија.

Производство во Франција и продажба
Моделот ќе се произведува во фабриката во Дуe, Франција, заедно со Scenic E-Tech и Megane E-Tech. Продажбата започнува во четвртиот квартал од 2025 година, а Eclipse Cross ќе биде позициониран под Outlander PHEV во понудата на Mitsubishi.





























