fbpx

Најдобро продаваните брендови и модели во Европа во февруари

JATO Dynamics ги објави продажните податоци за минатиот месец во Европа, каде е забележан раст од 4,2%, или 1,16 милиони единици, што е најдоброто достигнување од февруари 2008 година

Според JATO Dynamics, водечката позиција меѓу производителите, со раст од 9% во февруари, ја има Volkswagen. Марката е прва со реализирани 125.998 единици, а Renault е на второ место со 80.183 возила (-1%).

Со подобрување на бизнисот од 15%, или 78.679 единици, на третата позиција е за Peugeot. Во Топ 10 на најпродаваните брендови во Европа во февруари влегуваат уште Ford (76.978, + 7%), Opel / Vauxhall (65.763, -6%), Mercedes (58.444, + 1%), Audi (58.416 , + 1%), FIAT (58.379, -9%), Škoda (56.725, + 14%) и BMW (55.413, -1%).

JATO Dynamics

Кај моделите, Volkswagen Golf ја задржува лидерската позиција со раст од 16%, со пласирани 36.754 возила, а во првите три влегуваат Renault Clio (24.607, -2%) и Peugeot 208 (19.893, + 5%). На останатите седум позиции во Топ 10 на најпродаваните модели во Европа во февруари се подредуваат Ford Fiesta (19.709, + 2%), VW Polo (19.313, -1%), Nissan Qashqai (19.289), Citroen C3 (18.747, + 10%), Škoda Octavia (18.190, + 5%), VW Tiguan (16.432, -6%) и Peugeot 3008 (15.971, + 95%).

JATO Dynamics

Од JATO Dynamics потенцираат за зголемено пазарно побарување на неколку модели, вклучувајки ги Kuga и EcoSport на Ford (+ 28% и +67%), како и Sandero и Duster на Dacia (+ 20% и + 32%).

JATO Dynamics

Поврзани вести

Back to top button