fbpx

ЧАМЕЦОТ ЗА ЌУЛАФОВСКИ !

Во второто коло на наградна игра „70 години Макпетрол“ беше доделен чамец со Хондин, скутер NSC50WHC како и два лаптопи. Најсреќениот Мевлудин Ќулафовски, ова топло лето ќе го вози чамецот

Во второто коло на наградна игра „70 години Макпетрол“ беше доделен чамец со Хондин мотор со 70 КС, комплет со вградени команди и приколка, скутер NSC50WHC, како и два лаптопи. Најсреќениот Мевлудин Ќулафовски, ова топло лето ќе го вози чамецот, скутерот отиде во рацете на Ѓорѓи Ивановски, а по еден лаптот Dell за Дарко Стојанов и Благој Танчев.

Во продажно-сервисниот салон на Honda беа доделени наградите од второто полуфинално коло од јубилејната наградна игра „70 години Мапетрол“, која компанијата ја организира по повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите. Голема наградна игра започна на 1 март и ќе трае до 15 декември. – Како што веќе знаете, ВЕРНА програмата е база на најголемата наградна игра во Македонија, „70 години Макпетрол“.

Преку неа Макпетрол по повод својот 70 годишен јубилеј, што оваа година го одбележуваме, ги наградува своите верни потрошувачи. Наградната игра ќе трае до крајот на годината, а до денес се доделени над 400 вредни награди. Кога ја воведовме ВЕРНА програмата имавме големи очекувања од истата. На наше особено задоволство очекувањата се покажаа точни и реални. Програмата за лојалност на Макпетрол веќе има над 115.000 корисници, кои на нашите продажни места остварија скоро 500.000 трансакции.

Овие бројки особено не радуваат бидејќи се доказ за квалитетот на нашите производи и услуги, од една, и довербата на корисниците кон нашата компанијата, од друга страна. Успехот на овој проект докажува дека квалитетот секогаш се наградува. Затоа, мотивирани од позитивните резултати, постојано се трудиме на најдобар начин да одговориме на барањата на нашите потрошувачи, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Ќулафовски

– Оваа, за нашата компанија јубилејна година, отвори пред нас нови хоризонти и нови предизвици. Во изминатите години со пожртвувана работа создадовме квалитетни производи и воведовме нови и квалитетени услуги . Водени од тоа дека потребите на нашите потрошувачи се најважни, создадовме бренд кој е препознатлив и е лидер во енергетскиот сектор во Македонија.

ВЕРНА програмата за лојалност ни овозможи да развиеме комуникација со потрошувачите и од прва рака да ги запознаеме нивните желби и потреби и секако да ја наградиме нивната лојалност кон нашата компанија. Од друга страна, програмата ни овозможи да ја следиме и наградиме посветеноста на вработените, кои имаат голема улога во успешноста на програмата, додаде Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

-Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува дополнителна обврска за нас. Затоа и понатаму ги следиме и применуваме европските и светските стандарди во нашата дејност, со цел да понудиме врвни производи и услуги на нашите модерни бензиски станици.

Во ова коло на наградна игра „70 години Макпетрол“ беше доделен чамец со мотор Honda од 50 коњски сили, комплет со вградени команди и приколка. Освен оваа вредна награда од компанијата доделија и Хондин скутер NSC50WHC, како и два Dell лаптопи.

Поврзани вести

Back to top button