fbpx

Volkswagen со уште 10 SUV изведби до 2020 година

Заедно со штотуку претставената нова генерација на Touareg, Volkswagen ќе покаже вкупно 10 нови SUV остварувања на моделот до крајот на деценијата

Ова беше објавено за време на презентацијата на третата генерација на предводникот во гамата, во Пекинг.

Изненадувачки или не, поголемиот дел од овие модели ќе бидат предвидени само за кинескиот пазар, бидејки таму потрошувачката на SUV моделите во моментов е огромна. Засега од Volkswagen се споменуваат само работните наслови на новите претставници во овој сегмент, како Powerful Family SUV, Advanced Mid-Size SUV итн.

Јасно е дека сите тие ќе бидат развиени заедно со локални компании, за да бидат подобро прилагодени на кинескиот пазар. Во моментов, VW има околу 20-на автомобили во продажба во Кина, но до крајот на годината кон нив ќе се приклучат уште седум или осум, повторно развиени со локалните партнери FAW и SAIC.

SUV

Поврзани вести

Back to top button