Њујорк 2018: Светска премиера на новиот Honda Insight
Honda го препородува легендарниот модел Insight, односно за време на меѓународниот салон во Њујорк, кој започнува на 30 март, ја претставува целосно новата генерација на хибридниот модел
Новата Honda Insight, која е развиена на платформата на десетата генерација на Civic, ќе се нуди во три нивоа на опрема, па дури основната верзија ќе располага со целосно диодни светла напред и позади, 16-инчни алуминиумски тркала, ретровизори со греење, стартување на моторот со копче…
Погонскиот систем на Honda Insight 2019 е составен од 1.5 литарски бензински агрегат, електромотор и литиум-јонски батериски блок, а вкупната максимална моќност е 151 КС. Системот му овозможува на возачот да избере помеѓу три главни начини на работа – NORMAL, ECON и SPORT, а на управувачот има посебна копче што дава можност за избор меѓу три нивоа на регенерација на собирање енергија.
Луксузниот автомобил со пет седишта. кој ќе биде лансиран на пазарот во текот на летото оваа година, ветува дека ќе понуди богата стандардна опрема, како и многу нови решенија од областа на активната и пасивната безбедност, со кои можат да се пофалат од Honda.
Во опремата на новиот Insight се вклучени системот Honda Sensin, можност за целосна синхронизација на мобилни телефони со Apple CarPlay и Android Auto, систем за предупредување при опасност од удар, систем за избегнување на удар, задржување на возилото во лентата, адаптивен круз-контрол, систем за следење на движење на возилото напред и други.