Renault го претстави концептот JP4x4

Renault го претстави R4 JP4x4 Concept со отворена каросерија, pickup детали, погон со два електромотори и ретро дизајн за летни авантури

Renault го претстави новиот R4 JP4x4 Concept, необична концептна верзија на електричниот R4 E-Tech која комбинира елементи од beach buggy моделите од 70-тите години со практичност на мал pickup. Францускиот производител потврди дека станува збор за уникатен концепт без планови за сериско производство.

Новиот концепт беше откриен како дел од активностите на Renault за Roland-Garros French Open турнирот, каде ќе биде изложен заедно со електричните модели R4, R5 и Twingo E-Tech.

Инспирација од легендарните Renault модели

R4 JP4x4 Concept е инспириран од класичните Renault 4 Plein Air од 1969 година и JP4 од 1981 година. Името JP4x4 доаѓа од „Journée à la Plage“, што во превод значи „ден на плажа“.

Концептот добива целосно редизајнирана каросерија со две врати, отворена кабина и специјална roof конструкција со X-форма наменета за транспорт на сурф даска. Наместо класичен покрив и странични прозорци, кабината е целосно отворена, што дополнително го нагласува beach buggy карактерот.

Renault 4 JP4x4 Concept

Pickup изглед и off-road детали

Покрај ретро дизајнот, Renault R4 JP4x4 има и практични pickup елементи. Задниот дел добива отворен товарен простор со спуштачка врата за полесно товарање, додека во багажниот дел се сместени и две скејт даски.

Концептот е обоен во специјална Emerald Green нијанса комбинирана со портокалови детали во ентериерот. Дополнително, моделот е поставен 15 mm повисоко од стандардниот R4 E-Tech, а трагата на тркалата е проширена за подобра стабилност.

Renault вгради и специјални 18-инчни тркала со Goodyear UltraGrip Performance+ гуми за подобри способности надвор од асфалт.

Renault 4 JP4x4 Concept

Два електромотори и погон на сите тркала

За разлика од серискиот Renault R4 E-Tech, концептот користи два електромотори и погон на сите тркала. Системот е сличен на минатогодишниот Savane 4×4 Concept, иако Renault сè уште нема понудено AWD верзија на продукцискиот модел.

Техничките детали не се целосно откриени, но концептот е базиран на платформата на електричниот R4 E-Tech со меѓуоскино растојание од 2.624 mm.

Renault 4 JP4x4 Concept

Ретро ентериер со модерна технологија

Во кабината се наоѓаат уникатни седишта со интегрирани потпирачи за глава и специјален дизајн инспириран од „египетски мумии“. Renault комбинира модерна дигитална инструмент табла со ретро детали, додека централната конзола има „лебдечки“ дизајн.

Иако сериско производство не е планирано, Renault веќе нуди отворена верзија на R4 E-Tech наречена Plein Sud, која добива електричен платнен покрив и започнува од 37.290 евра.

Поврзани вести

Back to top button