fbpx

Њујорк 2018: Импресивен електричен концепт Genesis

Светска премиера на штандот на марката Genesis, дел од гигантот Hyundai Motor, на меѓународниот саем во Њујорк, одбележува футуристичкиот спортски концепт Essentia

– Ние како производител на луксузни автомобили сме едноставно обврзани да создаваме производи со посебна привлечност, страст и инспирација, кои ќе ги надминуваат очекувањата во однос на технологијата и поврзувањето, внесувајки комбинација на беспрекорниот надворешниот свет со внатрешноста на возилото, потенцира Манфред Фицџералд, директор на Genesis . – Токму тоа претставува Genesis Essentia Concept и со задовослво ја претставуваме нашата визија на едно целосно електрично двовратно Gran Turismo во Њујорк.

Essentia

Genesis Essentia Concept е првиот целосно електричен автомобил на брендот, а неговата каросерија е направена од јаглеродни влакна. Внатрешноста на концептот ја демонстрира умешноста на дизајнерите на компанијата, а во неа се комбинирани природна кожа, специјални конци за рабовите, карбон, алуминиум и направени од други композитни материјали многу други елементи. Батерискиот модул на Genesis Essentia Concept е интегриран под централниот тунел на автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button