fbpx

Nissan, Ford, Mazda и Volvo го пропуштаат салонот во Париз

Тенденцијата се повеќе производители да го откажуваат своето учество на најголемите автомобилски салонски манифестации продолжува

Ако, до неодамна тоа го правеа мал број на брендови, сега работите се влошуваат, па своето учество го откажуваат се поголем број компании.

Се започна со салонот во Париз пред две години, каде не настапија неколку производители, па продолжи со Франкфурт, а од годинава на удар се најде и Детроит. Сите се правдаат со фактот дека немаат што во даден момент да понудат, или пак дека не може во само неколку дена да се биде присутен на две врвни приредби (како што беше случајот со салонот во Детроит и СЕЅ во Лас Вегас), но по се изгледа, а тоа го тврдат и одредени аналитичари, што овие собири станаа премногу скапи и бараат многу повеќе издатоци од планираните.

салонот во Париз

На пример Nissan планира да го пропушти овогодинешниот Салон за автомобили во Париз, според веб-страницата на францускиот AutoActu, која го цитира претседателот на западно-европската филијала на марката, Бернар Лоар.

– Немаме ништо ново за да покажеме, ние избравме – бевме во Женева и сега планираме да се најдеме на некоја изложба за нови технологии, објаснува менаџерот.

Изложбата во Париз се одржува биенално и се менува со онаа во Франкфурт. Nissan нема да биде единствениот што нема да учествува во Париз, тоа веќе го најавија Ford, Mazda и Volvo. Во 2016 година, салонот во француската престолнина го пропуштија Aston Martin, Bentley, Ford, Lamborghini, Subaru и Volvo.

Поврзани вести

Back to top button