fbpx

Следниот Renault Captur добива нова платформа и мек хибрид

Во 2019 година, францускиот производител Renault ќе ја претстави втората генерација на популарниот кросовер Captur

И покрај тоа што има многу време пред неговата премиера, L’Argus веќе откри некои детали за моделот. Според информациите, Captur ќе биде изграден на новата платформа CMF-B, која е во основата на Nissan Juke, а исто така и на новото Renault Clio, чија светска премиера ќе се одржи за време на автосалонот во Париз, оваа есен.

Новата шасија ќе ги зголеми димензиите, вклучувајќи го и растојанието помеѓу двете оски. Сериозни промени се очекуваат и во техниката. Три-цилиндерскиот мотор со капацитет од 0.9 литри ќе биде заменет со нов, 1.0-литарски HR10, со 100 КС. Кросоверот исто така ќе добие 4-цилиндерски H13 со 140 или 160 КС, во зависност од модификацијата. Овој мотор е развиен во соработка со Daimler, со цилиндри покриени со ист материјал како и моторот на Nissan GT-R. Ова го намалува триењето и ја подобрува потрошувачката.

Дизел скандалите не влијаеа на Алијансата и во француската компанија немаат намера да се откажат од овој мотор. За новиот Captur ќе се подготвува 1.5-литарски дизел, кој развива меѓу 85 и 115 КС. Врз основа на овој мотор ќе биде развиена верзија со „мек хибрид” со стартер-генератор.

1 |

Captur
Renault Captur 2018
2 |

Captur
Renault Captur 2018

    Поврзани вести

    Back to top button