fbpx

Ѕubaru одбележува 30 години STI

Subaru одбележува 30 години од основањето на специјалната STI (Subaru Tecnica International) единица

Subaru одбележува 30 години од основањето на специјалната STI (Subaru Tecnica International) единица, која благодарение на своите одлични развојни успеси во областа на автомобилските спортови придонесе значително за глобалната популаризација и сеопфатен успех на брендот.

Покрај три титули кај производителите и 47 победи во Светскиот рели шампионат (WRC) на FIA, четири победи во класата на 24 часа на Нирбургринг, минатата година STI и Subaru постигнаа уште еден успех, откако специјално развиената верзија WRX STI Type RA NBR Special постигна нов рекорд за еден седан на легендарниот Северен лак на Нирбургринг, остварувајќи време од 6 минути и 57,5 секунди.

За новиот рекорд автомобилот беше со посебно „спакувана верзија, која се разликува од сериската во речиси секој аспект. Моторот на возилото е 2.0 литарски боксер, доработен од Prodrive и со импресивна максимална моќност од 600 коњски сили.

Subaru WRC 1993 | STI
Subaru WRC 2001 | STI
Subaru WRX STI 2004 | STI
Subaru WRX, Subaru WRX STI 2018 | STI

    Поврзани вести

    Back to top button