Kawasaki ja претстави новата целосно електрична Ninja e-1

Kawasaki го претстави новиот Ninja e-1, електричен спортски мотоцикл со 12 КС, автономија до 66 километри и отстранливи батерии

Новиот Kawasaki Ninja e-1 пристигнува како електричен спортски мотоцикл наменет за европскиот пазар со низа модерни технологии и додатоци.

Имено, електричните мотоцикли сè почесто стануваат дел од понудата на големите производители, но новиот Kawasaki Ninja e-1 покажува дека сепак компромисите сè уште се неизбежни. Моделот, кој е развиен првенствено за европските прописи за возачки дозволи и А1 категорија, располага со само 12 коњски сили, а максималната моќност е достапна само привремено.

Дополнително, автономијата изнесува само 66 километри и користи отстранливи батерии, а со оглед на неговите перформанси, јасно е дека се уште е далеку од вистинска алтернатива на бензинските Ninja модели, поради што јасно влегува во специфична категорија на градски електрични мотоцикли.

Kawasaki Ninja e-1

Максималната сила е достапна само 15 секунди

Електромоторот вообичаено испорачува околу 7 КС (5 kW), додека максималните 12 КС (9 kW) можат да се активираат преку e-Boost, но само во траење од 15 секунди.

Ова значи дека највисоките перформанси не се постојано достапни, за разлика од бензинските модели, кај кои целосната моќност е достапна секогаш кога возачот ќе ја отвори рачката за гас.

Kawasaki Ninja e-1

Предности за градско возење

И покрај скромните перформанси, Kawasaki смета дека Ninja e-1 има своја публика. Мотоциклот е наменет пред сè за секојдневно градско користење и нуди едноставно управување без спојка и менувач.

Опремен е со Walk Mode, кој овозможува движење нанапред и наназад при маневрирање, што е практично при паркирање. Тежината изнесува околу 140 килограми.

Една од најголемите предности на Ninja e-1 се отстранливите батерии, кои можат да се извадат и да се полнат во дом или стан, без потреба од паркинг место со приклучок за струја.

Целосното полнење трае околу 3,7 часа, а батериите можат да се полнат и додека се поставени во самиот мотоцикл.

Kawasaki Ninja e-1

Модел за специфична публика

Иако Kawasaki Ninja e-1 тешко ќе ги импресионира љубителите на спортските мотоцикли, производителот верува дека ќе привлече возачи кои бараат тивок, лесен и практичен електричен мотоцикл за градско користење.

За сите останати, особено на пазарите каде што нема ограничувања како европската A1 категорија, традиционалните бензински Ninja модели остануваат далеку поисплатлив избор благодарение на значително подобрите перформанси, поголемата автономија и пониската цена.

Поврзани вести

Back to top button