Новиот голем SUV на Hyundai ќе се вика Palisade
Hyundai го подготвува лансирањето на најголемиот SUV модел во својата гама
Актуелните патентни документи посочуваат дека Корејците може да му дадат на моделот со 7 места име Palisade.
Во директен превод, palisade значи масивна ограда или зграда, кое во голема мера ќе се преклопува со концептот на новиот автомобил. Новиот голем SUV ќе биде базиран на постоечката изведба на Santa Fe, чија нова генерација премиерно беше претсавена неодамна во Женева, а ќе понуди поголеми внатрешни димензии и место за седум патници.
Моделот се очекува официјално да се појави на почетокот од следната година со неговиот роднина KIA Telluride. Главната цел на двете големи возила ќе биде пазарот во Америка и не е сигурно дали воопшто ќе ги видиме во Европа во моментов.
Зад Океанот, новиот Hyundai ќе мора да се потврди со докажани модели, како што се Ford Explorer и Chevrolet Traverse, кои имаат голем дел од продажбата на големите SUV изданија.