Втората генерација на Toyota GT 86 и Subaru BRZ доаѓа во 2021
Спортското дуо Тоyota GT 86 и Subaru BRZ се на пазарот околу шест години, а тоа во пракса значи дека наскоро ќе проследи крајот на нивниот генерациски век
Затоа двете јапонски компании веќе размислуваат за наследници.
Според изданието Japan Times, тие ќе бидат подготвени за ланисрање во 2021 година. Најголема новина кај новото поколение се очекува да биде поголем мотор со 2.4 литри, кој ќе го замени сегашниот 2.0-литарски боксер. Сеуште не се објавуваат прецизни бројки за максималната моќност и вртежен момент, но се очекува дека и двете ќе се зголемат во споредба со сегашните модели. Разни извори укажуваат на моќност од околу 260 КС.
Во најавата натаму стои дека ќе следуваат неколку конструкторски и дизајнерски решенија, согласно новите трендови што ги наметнуваат двете компании, а и намалување на тежиштето на спортската изведба. Исто така, се планира имплементирање на најнови технологии, асист- решенија, безбедносни системи, како и помодерен инфо состав.