fbpx

Nikola Motor со нарачки од 8 милијарди долари

Американската компанија Nikola Motor, која развива камиони на водородни ќелии, објави дека вкупната сума на добиените налози од клиенти надмина 8 милијарди долари

Компанијата одлучила повеќе да не зема депозит од клиентите.

Од Nikola Motor нагласуваат дека не е потрошен ниту долар од парите на клиентите, па на тој начин ја „зајадоа“ Tesla Motor. Компанијата на Илон Маск побарува капар од 20.000 долари за својата изведба на камион. Експертите велат дека ова е направено за да се овозможи Tesla да ги пополни дупките во својот буџет.

Стартот на производството на Semi е планиран за 2019 година, додека машините на Nikola Motor ќе се појават дури во 2021 година. Палетата на брендот се состои од предводникот Nikola One, во чија кабина има кревет за возачот, како и од помалиот Nikola Two.

Nikola Motor

Двата камиони се напојуваат со eAxle мотори, развиени од Bosch. Тие се комбинираат во електромотор, трансмисија и контролен електронски модул. Моќта на системот е 1.000 КС. Капацитетот од 320 kW/h со водород ќе испорача автономија поголема од 1.600 km.

Претходно оваа година Nikola Motor го објави почетокот на изградба на нова фабрика во Феникс, во Аризона, во вредност од една милијарда долари. Според Тревор Милтон, фабриката ќе биде во функција од октомври.

Nikola Motor

Поврзани вести

Back to top button