Јубилеј на Еуроимпекс и Milwaukee
Годинава Еуроимпекс прославува 10 години како генерален увозник на македонскиот пазар за брендот Milwaukee, производител на електричен и акумулаторски алат
Годинава Еуроимпекс прославува 10 години како генерален увозник на македонскиот пазар за брендот Milwaukee, производител на електричен и акумулаторски алат. На посебно подготвен штанд пред платото на импортерскиот центар нa Еуроимпекс може да се види дел од опремата на американскиот производител, сè до 7 јули.
Еуроимпекс во своето 27 годишно работно искуство, бележи раст развој и успешно стопанисување во различни области, вклучувајќи ги сите брендови кои ги застапува.
Работењето на компанијата е фокусирано кон сите брендови подеднакво: Total и Valvoline маслата, Banner акумулаторите, четирите брендови за алати (Bahco, Irimo, Millwaukee и AEG), професионален тјунинг на возила со CSS, Alientech, Ragazzon и Vogtland, гумарскиот гигант Toyo, а програмата Peugeot, покрај во Македонија, ја застапува и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
– Во текот на годините, како компанија развиваме стабилни деловни односи како со производителите, така и со клиентите, креирајќи нераскинливи врски на лојалност. Оваа година Еуроимпекс прославува 10 години како генерален увозник на македонскиот пазар за брендот Milwaukee – електричен и акумулаторски алат.
Имено кога станува збор за алати за професионална и приватна употреба, покрај Milwaukee, Еуроимпекс е генерален застапник и на други три веќе познати брендови како што се: Bahco, AEG и Irimo. Овие брендови заедно со брендот Milwaukee ја истакнуваат компанијата Еуроимпекс како број еден во продажба на алатите во Македонија“ – изјави Ана Николоска, маркетинг асистент во Еуроимпекс, на средбата со медиумите.
– Milwaukee Electric Tool Corp. е водечки индустриски производител на рачен електричен и акумулаторски алат и прибор, наменет за тешки услови на работа за професионални корисници ширум светот. Од своето основање во 1924 година до денес, Milwaukee е фокусиран на една визија: да се произведува најдобриот електричен и акумулаторски алат и прибор достапен на професионалниот корисник. Milwaukee прв започнува со сервисирање и поправка на алатките.
Така и ние во нашата компанија Еуроимпекс, покрај продажбата на алати имаме и свој сервисен центар за алати и машини. Сè со цел да излеземе во пресрет на различните потреби на лицата чии работни задачи се поврзани со физички напор, а секогаш очекуваат алатите кои ќе ги употребат да се карактеризираат со трајност, сигурност и прецизност или со еден збор Milwaukee. Денес, името на Milwaukee се залага за највисок квалитет, издржливи и сигурни професионални алатки.
Да се работи со алатките на Milwaukee на одреден начин претставува задоволство и привилегија.
Зад името Milwaukee се крие најдобриот квалитет, најдобрата достапност и најдобрата исплатливост за парите што сте ги вложиле – изјави Роберт Анастасов, директор на секторот алати во Еуроимпекс. Во склоп на 10 годишнината на брендот Milwaukee на македонскиот пазар, на присутните им беше овозможено да се дел од „Големата црвена промоција“ во која се промовираат акумулаторски брусалки, дупчалки и други специфични алати од програмата на Milwaukee.
Специјалното возило е лоцирано во кругот на компанијата Еуроимпекс, во периодот од 5-7 јули 2017, каде сите корисници и љубители на квалитетен алат ќе имаат можност да се запознаат со големата палета на производи, како и со новите напредни технологии. Еуроимпекс располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот Milwaukee е секогаш лесно достапен до крајниот потрошувач.