fbpx

Toyota и Volkswagen најдобри во 2018

Toyota и Volkswagen продадоа најголем број автомобили ширум светот од почетокот на 2018 година

Јапонците се за нијанса подобри од Volkswagen, со раст од 2,3% во однос на истиот период лани.

Според статистичките податоци за првите два месеци од годинава Јапонскиот гигант има остварено реализацијa на 1.358.225 автомобили во првите два месеца, со 640.554 продадени во февруари. Кај Volkswagen продажбата за јануари и февруари изнесува 1.090.529 автомобили, само 446.597 во вториот месец од годинава. Во Топ 3 влегува Ford со 415.175 продажби за февруари и вкупно 841.207 единици за првите два месеци.

Volkswagen

Со остварувањето во февруари во Топ 10 се квалификуваа уште Nissan (387.851), Honda (345.854), Hyundai (318.570), Chevrolet (277.358), Kia (207.415), Renault (197.072) и Mercedes со 179.169 автомобили. Рангирањето на брендови за првите два месеци е идентично. Уште четири компании компании освен водечките ја надминуваат продажбата од над 500.000 единици: Nissan со 807.078, Honda 753.096, Hyundai 643.284 и Chevrolet со 591.127.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button