fbpx

Смени на директорските позиции во Volkswagen?

Групацијата Volkswagen најави планови за промени во самиот врв на гигантот за неколку дена

Засега нема информации за тоа кој ќе биде сменет, но Automotive News објави дека еден од оние кои ќе биде заменет е самиот шеф на корпорацијата, Матијас Милер.

Според онлајн изданието, овој петок е планиран голем состанок на акционерите и членови на одборот. Се очекува дека Матијас Милер, актуелниот извршен директор на VAG, ќе му го отстапи местото на Херберт Дис, кој сé уште е задолжен за брендот Volkswagen.

Volkswagen

Интересно, тековниот договор на Милер, кој му беше понуден веднаш по избивањето на скандалот Дизелгејт во септември 2015, истекува во 2020 година. Ова во пракса значи дека потенцијалните поместувања ќе бидат врзани за одредените неисполнувања, согласно неговиот работен договор.

Volkswagen

Поврзани вести

Back to top button