fbpx

Премиера на првиот електричен камион на Volvo

Volvo Trucks го претстави својот прв целосно електричен камион - Volvo FL Electric

Сериско производство и продажба на новиот модел ќе започне во Европа во 2019 година. Новината е наменета за дистрибуција, собирање на отпад и други активности во урбаните средини.

Максималниот вртежен момент на новиот електричен мотор е 425 Nm. Енергијата се складира во 2 до 6 литиум-јонски батерии со максимален капацитет до 300 kWh. Брзото полнење трае 1-2 часа. Новиот камион може да има автономија од 300 km.

– Ние сме многу горди на првиот Volvo со целосно електричен погон. Со овој модел, ние веруваме дека ќе придонесеме за одржлив развој на мобилноста во градовите, Изјави Клас Нилсон, претседател на Volvo Trucks.

Volvo FL Electric

Електричниот камион без издувни гасови може да се користи во внатрешните терминали и заштитените области за животната средина. Нивната ниска бучава овозможува работа и испорака во текот на ноќта, со што се намалува патниот сообраќај во текот на денот. Ова создава нови можности за планирање на животната средина и инфраструктурата за домување.

Volvo FL Electric– За да ја направиме транзицијата кон електрични камиони, сигурна и непречена за нашите клиенти, ние нудиме целосни решенија врз основа на индивидуалните потреби, во согласност со циклусите на возење, товарниот капацитет, максималниот опсег, обемот и другите параметри.

Подготвени сме за сè – од анализа на патот и оптимизација на батерии до сервисирање и финансирање. Покрај тоа, Volvo Trucks тесно соработува со различни добавувачи на полначи.

Целта е клиентите секогаш да добиваат висок максимален досег и продуктивност, објасни Јонас Одермалм, раководител за гамата на модели Volvo FL и Volvo FE во Volvo Trucks.

Volvo FL Electric

Долготрајното искуство на Volvo во електрифицираниот транспорт придонесува за ефективните решенија. Од 2010 година, Volvo Buses има над 4.000 продажби на електрифицирани автобуси. Така технологијата што се користи за погон и зачувување на енергијата кај Volvo FL Electric, е темелно тестирана и проверена, а е поддржана од мрежата на Volvo Trucks за продажба, сервис и испорака на резервни делови.

Volvo FL Electric

– Искуството нè научи колку е важно градовите, давателите на енергија и производителите на автомобили да соработуваат за да може електрифицирани да се претвори во реалност. Процесот може да се забрза значително, ако се воведат дополнителни стимулации за клиентите, договорени стандарди и долгорочна стратегија за урбанистичко планирање и проширување на инфраструктурата, објаснува Јонас Одермалм.

Првите електрични камиони на Volvo FL Electric веќе се испорачуват на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button