fbpx

Pininfarina создава електричен хипер-модел

Италијанската работилница Pininfarina S.p.A има намера до 2020 година да развие електричен хипер-автомобил

Тој ќе биде создаден заедно со Rimac и Mahindra Racing. Индискиот тркачки тим ќе обезбеди технологијата од Formula E, а хрватскиот производител ќе помогне околу погонската група.

електричен хипер-автомобилЗасега не се познати многу детали за новиот електричен хипер-автомобил на Pininfarina, се знае само дека моделот треба да стане конкурент на Bugatti Chiron. Се очекува да биде со моќ од околу 1.480 КС.

– Овој електричен хипер-автомобил ќе стане олицетворение на моќноста, убавината и технологијата на современите електрични автомобили, изјави Ананд Махиндра, извршниот директор на Mahindra Racing. Досега, трите компании инвестираа околу 100 милиони долари во проектот.
електричен хипер-автомобил

Pininfarina електричен хипер-автомобил

Поврзани вести

Back to top button