Најголемите застои во сообраќајот во Европа се во Москва
Главниот град на Русија е рангиран на прво место на листата на градови со најголем сообраќаен метеж во Европа, според анализата на консултантската и осигурителна компанија GoCompare
Граѓаните во Москва поминуваат во просек 91 час годишно во кошмарен сообраќај. Според експертите возачите во руската престолнина поминуваат навистина многу време во сообраќаен метеж, бидејки московјани реферираат да патуваат со автомобил, наместо да користат јавен превоз.
Лондон се наоѓа на второто место со просечно 73 часа поминати во автомобилот за една година. Сообраќајот се влоши во англискиот главен град поради забраната за влез во познатата шопинг-улица во Оксфорд Стрит. Париз е трет со 65 часа и покрај големите напори на градските власти да го ограничат бројот на автомобили во градот.
Германија и Русија се водечки според застоите во сообраќајот во своите метрополи на Стариот континент, бидејќи меѓу 25-те градови на листата, се пет од Русија и седум од Германија. Нема ниту една метропола од Балканот меѓу Топ 25.
Во листата на 10-те градови со најголеми застои влегуваат Москва, Лондон, Париз, Осло, Брисел, Берлин, Мадрид, Рим и Стокхолм.
Минатата година, беше потврдено дека Лос Анџелес е град со најголем метеж во светот, што е шеста година по ред. Во овој американски мегаполис, возачите минуваат 102 часа во сообраќајниот метеж годишно.