fbpx

Дали има кандидати за Lancia?

Легендарниот италијански бренд Lancia, најверојатно, ќе биде понуден на продажба во блиска иднина, предвидуваат медиумите на Апенините, цитирајќи анонимни извори од FCA

Поранешната моќна марка во моментов е присутна само на италијанскиот пазар, со само еден модел. Гласините дека FCA ќе бара нов сопственик на Lancia се „подгреаја“ откако Серџо Маркионе објави дека најважното нешто за FIAT Chrysler е профитот, а не изгубите. Се претпоставува дека уште на 1 јуни, кога има закажан „стратешки состанок” на шефовите на FCA, ќе биде потврдено дали компанијата бара нов сопственик.

Но, токму овде се поставува и прашањето: Кој би имал интерес за купување на Lancia?

Марката сега го продава само субкомпактот Ypsilon, кој е директно поврзан со FIAT 500 и се произведува во Полска. Со години, Lancia работи со загуба, а продажбата на Ypsilon во 2017 едвај успеа да надмине 60.000 единици. Проценките на FCA за 2018 година се да се продадат околу 52.000 возила. Според аналитичарите на италијанската автомобилска индустрија, има три решенија за Lancia.

Lancia

Првото е шефовите на FCA да остават брендот да умре ако не се најде купувач. Второто е далеку пооптимистичко – Lancia може да стане бренд за електрични автомобили на FCA. И трето, ако се најде купувач, тогаш тоа ќе биде од групата на најголемите во индустријата: Volkswagen, Toyota или Renault-Nissan, а не е исклучено барем две кинески компании исто така да побараат да го купат брендот со богата историја.

Но, купување на Lancia ќе бара последователна сериозна инвестиција во нови модели, бидејќи сега палетата на легендата е срамно скромна, а тоа повлекува и современи погони, кадар…

Поврзани вести

Back to top button