fbpx

Дури 60% од купувачите на Panamera избираат хибрид

Првиот квартал од годината беше најуспешен во историјата на Porsche со 63.500 продадени возила, а Panamera е најпродаваниот модел со раст од 200% на годишно ниво

Она што особено треба да се одбележи е дека поголемиот дел од купувачите на Panamera претпочитаат хибридна верзија на спортски седан. Според статистичките податоци процентот на клиентите кои преферираат хибридни изданија веќе достигна над 60% во Европа. Хибридната верзија на Panamera-4 E-Hybrid Executive има вкупна моќност од 462 коњски сили, а комбинира бензински мотор со 2.9 литри V6 со две турбини со 330 коњски сили.

Panamera

Хибридот може да мине 38 километри со максимална брзина со брзина до 140 km/h само на струја. Со додавање на електрична енергија во потрошувачката на гориво, нејзината просечна вредност паѓа на 2,5 литри на 100 km. Хибридните верзии на Porsche го зголемуваат постојано учеството во вкупната продажба на брендот, па германскиот гигант верува дека двете претстојни електрични верзии кои наскоро треба да ги видиме на патиштата, најнапред Mission Е, а потоа и E Cross Turismo,ќе бидат вистински хит.

Електрификацијата ќе стане најважната карактеристика на повеќето модели на брендот.

Panamera

Поврзани вести

Back to top button